Македонците се почесто ја напуштаат земјата за да најдат подобра работа во некоја друга европска земја. Но, дали знаете која земја нуди најдобри и најлесни можности за вработување?Земјата која нуди најлесни начини за полесно вработување кои се поволни и за Македонците е Чешка, поточно градот Прага.
Прага е град што нуди најдобри можности за вработување, а во германскиот Лајпциг најлесно се наоѓа сместување по поволни цени.Ова го покажа истражувањето на Евростат, кое рангира 75 градови во Европската унија, според можностите за вработување и сместување.Најдобри шанси за вработување, покрај Прага, нудат Копенхаген, Даблин, Алборг, Антверпен, додека најтешко се наоѓа работа во Палермо, Франкфурт, Наполи, Дијарбакир и Мишколц (Унгарија). Во Лајпциг најлесно се наоѓа добро сместување по поволна цена, а зад него следуваат данскиот Алборг и португалската Брага. На дното на листата се најдоа Париз, Луксембург и Даблин.Од градовите во регионот според шансите за наоѓање работа прва е Љубљана (24), па следуваат Софија (28), Букурешт (36), Атина (50), Загреб (51), Будимпешта (56) и Анкара (65)Пристоен стан, по поволна цена во регионот најлесно се наоѓа во Анталија (24), која е пред Атина (26), Будимпешта (29), Софија (38), Љубљана (51), Истанбул (56), Загреб (63) и Букурешт (72).Земјата која нуди најлесни начини за полесно вработување кои се поволни и за Македонците е Чешка, поточно градот Прага.
Прага е град