вторник, 24 ноември 2026
Најново

Каде Македонците може најлесно да најдат работа?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонците се почесто ја напуштаат земјата за да најдат подобра работа во некоја друга европска земја. Но, дали знаете која земја нуди најдобри и најлесни можности за вработување?Земјата која нуди најлесни начини за полесно вработување кои се поволни и за Македонците е Чешка, поточно градот Прага. 
Прага е град што нуди најдобри можности за вработување, а во германскиот Лајпциг најлесно се наоѓа сместување по поволни цени.Ова го покажа истражувањето на Евростат, кое рангира 75 градови во Европската унија, според можностите за вработување и сместување.Најдобри шанси за вработување, покрај Прага, нудат Копенхаген, Даблин, Алборг, Антверпен, додека најтешко се наоѓа работа во Палермо, Франкфурт, Наполи, Дијарбакир и Мишколц (Унгарија). Во Лајпциг најлесно се наоѓа добро сместување по поволна цена, а зад него следуваат данскиот Алборг и португалската Брага. На дното на листата се најдоа Париз, Луксембург и Даблин.Од градовите во регионот според шансите за наоѓање работа прва е Љубљана (24), па следуваат Софија (28), Букурешт (36), Атина (50), Загреб (51), Будимпешта (56) и Анкара (65)Пристоен стан, по поволна цена во регионот најлесно се наоѓа во Анталија (24), која е пред Атина (26), Будимпешта (29), Софија (38), Љубљана (51), Истанбул (56), Загреб (63) и Букурешт (72).Земјата која нуди најлесни начини за полесно вработување кои се поволни и за Македонците е Чешка, поточно градот Прага. 
Прага е град

Поврзани вести