Долги години кириите кои ги плаќала државата претставувале вносен бизнис за одредени кругови. Овој факт за вносен бизнис на одредени кругови со кириите кои ги плаќа државата доаѓа до израз доколку се пресметаат заштедите кои државата ќе ги направи по основ на кирии со изградба на нови згради каде ќе се сместат повеќе државни институции, пишува Курир.
Неколку медиуми деновиве објавија дека за десетина години СРД по основ на кирии има дадено милионска сума на евра. Закуподавецот на просториите на СРД кој ги заработил овие пари е фирмата Агромеханика во која како членови на надзорен и управен одбори се среќаваат лица кои се во бизнис партнерство со Ристо Тодоров, поранешен пратеник на СДСМ во Собранието на РМ во манатот во 1998 година. Ристо Тодоров е познат како долгогодишен директор на Анска Река и менаџер во чие време овој комбинат се раскрчми и пропадна, пишува Курир.
Ристо Тодоров од Валандово денес е косопственик на винарска визба АРВИН во Валандово. Познавачите велат дека е еден од блиските соработници од Валандовскиот крај на Бранко Црвенковски во време кога се водеше процесот на приватизација и транзиција и понатамошен финасиер на партијата СДСМ.
Капиталот кој го стекнал тој се решил да го инвестира токму во фирмата Агромеханика која е косопственик на неговата винарија. Оваа фирма која деновиве се најде во центарот на вниманието се посочува како фирма која склучила исклучително скап договор за закуп на простории на СРД, институција која според плановите треба да се пресели во објектот покрај хотелот Бристол.
Многумина сметаат дека фирмата целокупните бенефиции и поволности ги ужива од договорот за закуп се поради блискоста со СДСМ во чие време и се потпишани овие скапиу кирии.
Токму затоа говорат истите познавачи е и жестоката реакција на СДСМ по одлуката да се гради нов објект на СРД, бидејќи така се запираат високите приливи на име на кирии на оваа фирма блиска до СДСМ. Овој факт за вносен бизнис на одредени кругови со кириите кои ги плаќа државата доаѓа до израз доколку се пресметаат заштедите кои државата ќе ги н