Анкетите кои се направени во последните неколку години потврдуваат дека излезеноста на албанското население во Македонија е во опаѓање.
Сето тоа се огледува и на се помалиот број пратеници во Собранието од албанска националност. Истото го покажува и сегашниот случај каде што има помалку советници во општинските совети, вели аналитичарот Сашо Клековски, за весникот Нова Македонија.
„Одговорот на прашањето дали проблемот е во тоа што интересот за излез на избори кај Албанците е намален или тие не се во земјава требаше да го даде токму пописот што требаше да биде спроведен минатата година. За разлика од тоа, кај македонското население нема такво опаѓање на процентот на излезеност на гласање на избори“, вели Клековски.
Боговиње 46,88% Богданци 83,13% Врапчиште 46,46% Берово 83,94% Дебар 51,24% Ново Село 59,71% Гостивар 51,0% Струмица 78,20% Кичево 73,34% Штип 75, 89%Анкетите кои се направени во последните неколку години потврдуваат дека излезеноста на албанското население во М