Каде се Бејли и Гарет да го осудат обидот за убиство на Тодоров?

Ниту четири дена по обидот за убиство на висoкиот фунционер на ВМРО-ДПМНЕ, довчерашен министер за здравство и заменик претседател на Владата, Никола Тодоров, странските амбасадори во земјава не излегоа со никаква осуда за инцидентот кој за малку не заврши со ликвидација на Toдоров. Ниту американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, ниту британскиот амбасадор Чарлс Гарет, ниту италијанскиот Карло Ромео, ниту евроамбасадорот Самуел Жбогар, ниту францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, ниту германската амбасадорка или пак било кој друг амбасадор не излегоа со осуда за обидот за физичка ликвидација на Тодоров.
Досега имаше редовна пракса амбасадорите да се мешаат и коментираат за се и сешто, за многу помали инциденти од овој. Сепак, по скандалозниот обид за убиство на Тодоров владее целосен молк. Амбасадорите ги нема да го осудат нападот, иако секојдневно беа прозивани на социјалните мрежи да го сторат тоа.
Ниту американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, ниту британскиот амбасадор Чарлс Гарет, ниту италијанскиот Карло Ромео, ниту евроамбасадорот Сам

Пронајдете не на следниве мрежи: