Во Преспанскиот дел на Македонија отсекогаш се криеле мистерии и легенди за познати македонски кралеви и водачи кои се бореле за слободна Македонија. Во Македонија има само еден остров, кој се наоѓа во Преспанското Езеро. МK.news.mk направи истражување за тоа каде се наоѓа богатството на познатиот македонски цар Самуил.
Според податоците, овој единствен македонски остров некогаш бил приватен остров на цар Самуил.
Според истражувањата на МКnews.MK постојат археолози и луѓе кои веруваат дека островот крие неверојатнa тајна. Она што подолго време се слуша во Преспа, а досега никогаш не е обелоденето јавно е дека на островот група Ресенчани, при една посета откриле влезови до подземни пештери, полни со вода, како во филмовите на Индијана Џонс. Се разбира, се плашеле да влезат внатре, не знаејќи каков простор е тоа, какви опасности крие и какви гасови има внатре, но од фрленото камче и од повратниот звук, претпоставуваат дека тие водени јами се мошне длабоки. Дури и дека се можеби долу директно поврзани со езерото.
,,Пред неколку години една мала експедиција го посетивме островот и наидовме на неоткриени влезови. Влеговме на почетокот на влезот и сфативме дека влегуваме во пештера. Фрливме камче, добивме звук од плесок во вода. Преспанци за ова мошне мистериозно место шират разни легенди, најмногу дека тука има неброено богатство во ковчези преполни со злато , дијаманти и скапоцени камења, кои биле на Цар Самуил, но сите копале површно и никој не нашол такво нешто. Според мене, целото тоа богатсво спие некаде во овие подземни пештери. Царот бил доволно мудар да го стави на сигурно, а уште помудар да направи влезови во подземниот лавиринт на островот, до кои тешко се доаѓа. Или невозможно,, ни рече извор кој сака да остане анонимен.
Освен што е загонетно самото место, каде некогаш престојувал Царот со својата свита и војниците, потоа тоа било напуштено место, а пред неколку века послужило и за пребивалиште на монаси во Црквата Свети Петар која постои и денес. Најдени се остатоци од термални бањи. Најдолго таму истражувала професорката Вера Битраова, но досега не е обзнането ништо спектакуларно .
За Голем град, познат како остров на змиите се вели дека е свето место и мештаните од таму не земаат ни едно камче. За уништување на змиите, кои порано беа побројни, своевремено беа донесени три мунгоси, но тие во потрага по вода за пиење скокале од каприте, не можејќи да се снајдат да слезат по пат и така изгинале.
Извор.MKnews.mkВо Македонија има само еден остров, кој се наоѓа во Преспанското Езеро. МK.news.mk направи истражување за тоа каде се наоѓа богатството на познатио