Каде се запишаа најмногу студенти во првиот уписен рок?

Најголем број на студенти одбраа да го продолжат своето образование на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.Имено, во првиот уписен рок се запишале 5.933 студенти на факултетите на универзитетот. Државната квота ја исполниле 4.473 студенти, а со кофинансирање 1.226. за вондредно студирање се запишале 234 студенти.
Оваа година, економскиот факултет добива најголем број на нови студенти, а по него следува Факултетот за информатички технологии и компјутерско инжинерство. Меѓу најпопуларните факултети оваа година се и Филозофскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Медицинскиот и Филолошкиот факултет.

На универзитетот „Гоце Делчев“ на првиот уписен рок се примени 1.943 студенти, од кои 1.491 во државна квота, 252 со кофинансирање, а 200 студенти ќе студираат вонредно. 
На овој универзитет најмногу запишани студенти ќе студираат на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Голем број запишани студенти има и на Факултетот за медицински науки. 

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ годинава ќе има барем 1.591 нови студенти. Тоа е бројот на запишани студенти од првиот уписен рок. Од овие студенти, 1.296 се примени во државна квота, 183 со кофинансирање, а 112 во вонредните студии. 
Најпопуларен факултет на УКЛО е Техничкиот, кој има 356 нови студенти, а потоа Факултетот за безбедност со 247 студенти. По нив се наоѓа Економскиот факултет со 222 запишани студенти во првиот уписен рок. 

На државниот универзитет во Тетово, од 5.630 слободни места, во првиот уписен рок се пополнети 2.619. Најголем дел од студентите се запишани во државна квота, односно 2.074 студенти. Со кофинансирање се примени 183 студенти, а 111 студенти се запишани на вонредните студии. На универзитетот се запишани 161 странски државјани, а со посебни квоти се примени 90 студенти.
fakulteti.mkИмено, во првиот уписен рок се запишале 5.933 студенти на факултетите на универзитетот. Државната квота ја исполниле 4.473 студенти, а со кофинанси

Пронајдете не на следниве мрежи: