Во југозападните делови на државата утринава врне снег со слаб интензитет, а во Пелагонија со умерен интензитет. По котлините има ниска облачност и магла, додека во Полошката котлина видливоста е до 500 метри. Дува слаб ветер од североисточен и југоисточен правец, кој е повеќе изразен на повисоките места и планините.Во текот на денот се очекуваат повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за пет до 10 сантиметри. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.
Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервал од -2 до 4 степени , а во Полошката котлина до околу -4 степени.
Во текот на денот се очекуваат повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во јужните делови врнежит