Каде завршија парите од најголемиот грабеж на банка во кој беа украдени една милијарда долари?

На 18 март 2003 во Ирак е извршен најголемиот грабеж на банка.На 18 март 2003 во Ирак е извршен најголемиот грабеж на банка. Еден ден пред САД да започне бомбашки напад во Багдад, речиси една милијарда долари биле украдени од Централната банка на Ирак. Со тоа овој грабеж се смета за најголем во историјата.
Приближно 650 милиони подоцна се пронајдени во палатата на Садам Хусеин. Поточно, скриени во ѕидовите на палатата на Садам. Се верува дека ова е најголемиот дел од украдените пари. Останатите пари сеуште се водат за исчезнати. Генералниот менаџер на банката која е во државна сопственост, тврди дека 250 милиони долари и 18 милијарди (сега без вредност) ирачки динари биле украдени, но од страна на професионални разбојници неповрзани со Садам.
Од друга страна пак подигнувањето на овие пари од страна на Садам Хусеин и неговите луѓе воопшто не може ни да се смета како грабеж бидејќи станува збор за апсолутен владател. Се, зависи од  целта за која биле искористени парите дали за лични цели на Хусеин или пак како што пишуваат американските медиуми за финсирање на активности против американските сили.
Притоа, во март 2003 година, се извршило нарачување на 920 милиони долари од страна на Садам. Со писмена согласност од Садам било извршено нарачувањето на парите кои требало да бидат повлечени и да се дадат на неговиот помлад син Кусај.
Според изјавите на банкарските службеници, Кусај и уште еден неидентификуван човек го надгледувале целиот процес при преземањето на парите. Тие биле сместени во кутии и во банкноти од по 100 долари. Натоварени биле во камиони, целата операција траела пет часа.
Подоцна Кусај бил убиен од страна на американските сили во воружените судири.
Дали дел од парите, кои денес се водат како исчезнати сепак завршиле во рацете на САД се уште не се откриено и не е докажано.На 18 март 2003 во Ирак е извршен најголемиот грабеж на банка. Еден ден пред САД да започне бомбашки напад во Багдад,

Пронајдете не на следниве мрежи: