Не се каат само жените, туку и мажите.Едно меѓународно истражување во кое учествувале испитаници од Бразил, САД, Канада и Норвешка е првото истражување што покажува дека на припадниците на обата пола им се случува да добијат силни негативни емоции по интимниот однос.
Дури четири од пет мажи се каат кога дамата, која неодамна ја запознале и сакале сериозна врска со неа, пребрзо ќе заврши во нивниот кревет. Бројот на жени кои зажалуваат за ваквата одлука е стопроцентен.
Но, причините се различни.
Додека посилниот пол се плаши од понатамошен контакт со девојката со која до вчера ги гужвале чаршафите, дамите мислат дека пребрзо „се палат“. Како што објаснуваат психолозите, жените имаат поголема потреба за врска, додека пак мажите ја развиле способноста да се дистанцираат од оние со кои не гледаат иднина.
Сите испитаници биле помлади од 30 години и искрено зборувале за она што го чувствувале после авантурите. Најчестите емоции се потребата за утеха, безвредноста, тагата, беспомошноста, одбојноста, осаменоста, несигурноста, стравот, збунетоста.Едно меѓународно истражување во кое учествувале испитаници од Бразил, САД, Канада и Норвешка е првото истражување што покажува дека на припадниците