Кај државите-членки на ЕУ се повеќе расте евроскептицизмот

Евроскептицизмот продолжува да расте меѓу жителите на земјите членки на ЕУ, покажува истражувањето што кон крајот на април и почетокот на мај, го спроведе француската агенција ТНС. Анкетата е спроведена во десет земји од Унијата, соодветно: 80 отсто од популацијата на ЕУ и 82 отсто од европскиот БДП.Во овие земји, поддршка на Унијата и даваат 51 осто од анкетираните, а 42 отсто сметаат дека земјите членки треба да имаат поголеми овластувања, наместо да ги пренесуваат на Брисел.
Најмала поддршка за ЕУ е регистрирана во Грција, само 27 отсто, што се објаснува со острите мерки на штедење што европските кредитори и земјите од еврозоната и ги наметаа на Грција по кризата во кое се најде државата.
Во Франција поддршката на ЕУ е намалена на 38 отсто, додека во Шпанија, која како и Грција, мораше се соочи со строри мерки на штедење и намалување на буџетската потрошувачка, поддршката на граѓаните на Униата сега изнесува 47 отсто.
Намалување на поддршката од осум отсто е регистрирана и во Велика Британија, а од шест отсто во Италија.
Анкетата на агенцијата ТНС открива дека и покрај растот на евроскептицизмот, големо мнозинство на анкетираните, во сите десет земји, мислат дека Велика Британија треба да остане членка на Унијата. Најголема е поддршката меѓу Германците, каде дури 79 отсто од анкетираните, се изјасниле Британците да останат дел од Европската Унија.
Најголема поддршка за Унијата е регистрирана во Полска – 72 отсто, па во Чешка и Финска по 62 и во Унгарија 61 проценти.Во овие земји, поддршка на Унијата и даваат 51 осто од анкетираните, а 42 отсто сметаат дека земјите членки треба да имаат поголеми овластувања, на

Пронајдете не на следниве мрежи: