Пратеникот во хрватскиот парламент и претседателот на Истарските демократи (ИД), Дамир Кајин, во петокот пред новинарите се запраша зошто мигрантите не бегаат кон најбогатите земји во светот – Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Емиратите.Воедно, тој навел дека „не бегаат затоа што Саудиска Арабија изградила 950 километри долг ѕид, а соседните земји поради тоа ја критикуваат Унгарија“.
Зборувајќи за бранот на мигранти од Блискиот и Средниот исток, тој наведе дека има разбирање за трагичните судбини на мигрантите и додаде дека исто така има разбирање за загриженоста на Македонците, Србите и Унгарците.
Тој напомена дека и до крајот на годината, 40.000 бегалци ќе бидат насочени кон Хрватска и додаде дека Владата за нив одреди пет прифатни центри во поранешните касарни во Карловац, Долго Село, Вараждин, дворецот во Илок и Пула.
„Предложувам наместо во Пула, прифатен центар да се стационира на Бриуните, бидејќи тоа е идеално место, а може и во Свети Јуриј (село во сопственост на Иван Јаковчиќ) или на 180 хектари големо земјиште кое Министерството за земјоделство неодамна му го подели на еден високо позициониран ИДС-овец“ – рекол Кајин.Воедно, тој навел дека „не бегаат затоа што Саудиска Арабија изградила 950 километри долг ѕид, а соседните земји поради тоа ја критикуваат Ун