Какаото се поскапо, се заканува исчезнување

Ценита на какото и понатака расте под влијание на зголемената побарувачка, поготово во земјите со растечка економија, поради намеленото произвотство и шпекулациите  до кои ќе дојде во новонастанатите околности.Голем број земјоделци во западна Африка  од  одгледување на какао преминале на одгледување каучук или производство на палмино масло.
Покрај тоа, производството на какао паѓа и во Венецуела, која  некогаш произведувала половина од вкупното светско производство  од оваа култура.
Денес Брегот на Слоновата коска и Гана даваат повеќе од половина од светското производство на оваа култура, неопходна за правење на чоколадо.
Минатата  година Венецуела произвела 14.000 тони какао, најмалку во последните 50 години, бидејќи земјоделството пропаѓа во економијата во која доминира нафтата.
Таа земја, која има најмногу резерви на нафта во светот, увезува 70 проценти од храната за своето население.
Произведувачите на чоколади и понатаму го ценат венецуелското какао како едно од најдобрите на светот, поготовна чоколади о видот криољо, а владата на Внецуела  пропушта златна можност да профитира од се поголемиот апетит  за чоколадо на остатокот од светот.

Како што предвидуваат аналитичарите, ситуацијата  нема да се промени ни во следните години.
Побарувачката и понатаму ќе расте, а произведувачите  нема да можат да ја задоволат, поради што се повеќе ќе расте цената  на оваа суровина.
Најголемите произведувачи, кои го подржуваат производството на какаото и чоколадото,  се ангажирале во напорите да им  го зголемат производството  на 300,000 произведувачи на оваа култура во Гана и Брегот на Слоновата коска до 2020 година.
Сеуште  не е познато  дали оваа иницијатива ќе успее, но она што е сигурно е дека цените и понатаму ќе раснат, со ризик чоколадото да стане луксузен производ.Голем број земјоделци во западна Африка  од  одгледување на какао преминале на одгледување каучук или производство на палмино масло.

Пронајдете не на следниве мрежи: