Поетесата Катица Ќулавкова која со своите постапки изминатиов период ја врши функцијата партиски војник на СДСМ и ама баш со ништо не покажува дека заслужува да биде наречена академик, излезе со шокирачки твит преку кој и самата авторка очигледно не знае што сака да каже.Ако Охрид го срамни земјотрес, нека биде тоа знак дека сме Бугари, а ова мое прво хаику за златен венец во Струга. Да живее господинот Заев, напиша „академик“ Ќулавкова во твитот од кој би се срамеле дури и најотоврените поддржувачи на СДСМ
Ваквите зборови на Ќулавкова предизвикаа згрозување на социјалните мрежи, каде граѓаните коментираат дека Бранко Тричковски добива сериозна конкуренција во борбата за најпсихички растроена и фрустрирана личност на годината.
Ќулавкова е член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), институција која под палката на Таки Фити повеќе наликува на партиско тело на СДСМ, отколку на некоја независна научна институција.
За платата од над 1.500 евра која Ќулавкова ја зема како академик, благодарение на даноците кои ги плаќа македонскиот народ од сопствениот џеб, таа во јавноста изигрува портпарол на Зоран Заев и го величи новиот премиер до степен на самобламирање, но и понижување на највисоката научна и уметничка институцијаАко Охрид го срамни земјотрес, нека биде тоа знак дека сме Бугари, а ова мое прво хаику за златен венец во Струга. Да живее господинот Заев, напиша