Пред неполн месец на една приватна забава, самопрогласениот реформатор Александар Михајловски им прераскажувал на присутните дека зад него стои една моќна Амбасада, дека од неа ќе има полна логистика, дека целта е да се сруши Никола Груевски и понудил секому што ќе премине на негова страна дека може да му издејствува да не е меѓу обвинетите, пишува порталот Журнал.Порталот пишува дека еден од оние кои се приклониле со цел да се сослободат од СЈО е и еден амбасадор на Македонија во една европска земја, кој беше на список на осомничени, но откако отишол кај Михајловски, истиот демонстрирал моќ и преку Амбасадата која го поддржува навистина издејствувал да биде тргнат од листата на обвинети. Претпоставка е дека и неколку други од овие причини отишле кај „реформаторите“.
-Михајловски раскажувал и дека Амбасадата е спремна да вложи милиони во нив за да го сменат Груевски и да го превземат ВМРО-ДПМНЕ. Споменувал конкретни суми кои им биле ставени на располагање за локалните избори. Она што многумина го прераскажуваа од неговото беседење во изминатиот период е дека ако не успее преку групата т.н. реформатори да го сруши Груевски, ќе се пријави за сведок против него и луѓето околу него и така ќе го уништел, пишува Журнал.
Деновиве пак, излезе во јавноста дека Александар Михајловски е сведок на СЈО. Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека бил во партиската комисија, Михајловски немал допирна точка со Груевски и дека единствено може да биде лажен сведок и ништо повеќе од тоа. Михајловски бил среќен ако Груевски го сретне на скали во партијата и се поздрави со него.Порталот пишува дека еден од оние кои се приклониле со цел да се сослободат од СЈО е и еден амбасадор на Македонија во една европска земја, кој беш