Далечната 1986 година бил оставен во женски тоалет на аеродром и од тогаш непрекинато се обидува да ги пронајде своите биолошки родители.Стивен Хјудс, чиј прекар е Гери Гетвик, бил оставен на аеродром во женскиот тоалет замотан во ќебе. Го пронашле работници на 10 април 1986 година. Мислеле дека е стар само 10 дена, бидејќи покрај него немало никаква порака.
После толку години Стивен сака да ја знае вистината.
„Сакам да знам зошто ме оставиле, зошто морало да дојде до тоа. Се чувствувам празно. Немам ни медицински картон, кој многумина го земаат здраво за готово. Навистина би сакал да знам што навистина се случило“, рекол Стивен.
Тој пред неколку години направил ДНК тест и дознал дека постои можност неговите родители да се по потекло од Англија, Ирска, Шкотска, Германија или Франција.
На Стивен многу му помогнала и организацијата „Исчезнато семејство“ кое со помош на неговиот ДНК пронашла две личности кои би можеле да бидат поврзани со него на некој начин.
Илјадници луѓе до сега ја споделиле неговата приказна во надеж дека ќе му помогнат да го најде своето семејство.Стивен Хјудс, чиј прекар е Гери Гетвик, бил оставен на аеродром во женскиот тоалет замотан во ќебе. Го пронашле работници на 10 април 1986 година.