Како бебе е оставен пред контејнери, а 26 години подоцна го запознал својот спасувач…

Кога Робин Бартон дошол на свет, неговата мајка го напуштила и оставила да умре пред контејнер во Санта Ана во Калифорнија. За среќа, додека Робин лежел покриен со весници, оттаму поминал полицаецот Михаел Буелн и го спасил од скоро сигурна смрт. Врската помеѓу нив двајца набргу била прекината со оглед на тоа што Робин бил даден на посвојување. Но, после 26 години, тие се сретнале , а Робин конечно успеал да му се заблагодари на својот спасувач Михаел, денес полицаец во пензија.
Работата да биде уште подобра, откако на телевизија слушнал за нивната средба, се јавил и биолошкиот татко на Робин, кој безуспешно се обидувал да си го пронајде синот, претходните 26 години.
После средбата, Робин Бартон  за телевизијата АБЦ изјавил дека во истиот момент почувствувал „среќа, шок, возбудување и уште многу работи“.
Полицаецот рекол дека му е драго поради Робин, кој секако дека не заслужил да биде отфрлен како бебе.

 
Инаку мајката на Бартон, после детална истрага е идентификувана. Уапсена е и осудена на тригодишна казна затвор поради обид за убиство на новороденче.
Маркос Меза, биолошкиот татко на Робин, тврдел дека не ни знаел за детето се додека не дознал за посвојувањето, после што не можел да си го пронајде синот поради „малкуте информации“.
Сепак, судбината сакала Робин во еден ден да го запознае и биолошкиот татко и својот спасувач.
Врската помеѓу нив двајца набргу била прекината со оглед на тоа што Робин бил даден на посвојување. Но, после 26 години, тие се сретнале , а Робин

Пронајдете не на следниве мрежи: