Во досието „Темел“ објавено од Комисијата за лустрација, стои дека Томислав Чокревски како министер за внатрешни работи бил наредбодавател на следење и прислушување на членови на тогашната опозициска ВМРО–ДПМНЕ.Управата за државна безбедност и контраразнузнување ги следела претседателот на партијата Љубчо Ѓеорѓиевски со псевдоним „Мона Лиза“, потпретседателот на партијата Доста Димовска со псевдоним „Дама“, Александар Флоровски со „Паун“,и членот на Унијата на млади сили Филип Петровски.
Безбедносните служби ги следеле студентските протести со глад против употребата на албанскиот јазик пред Собранието, опозициските митинзи и внатрешните случувања во ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2001 година, партијата преку тогашниот пратеник Филип Петровски користејќи ја законската можност, побара да се изврши увид дали за нивните членови и симпатизери се водела евиденција од тајните служби. По позитивниот одговор, ВМРО-ДПМНЕ материјалите од досието ги доставило во Собранието на расправа на Собраниската комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Директно од Кабинетот на тогашниот министер Љубомир Фрчковски се издавале наредби за следење.
„Го фотографираа и го запишуваа секој којшто влегува и излегува. Не се работи само за членови, туку се следени сите, културни работници, политичари. Кај нас досиејата не се водеа само до 1991 година, значи од страна на тогашната еднопартиска комунистичка власт, тие досиеја продолжија да се водат и по 1991 година во една демократска, самостојна и независна Република Македонија. Докази за водењето на таквите досиеја имаме многу во Државниот архив. Има такви прекршувања на слободите и правата не само на граѓаните, туку и на легално пројавените партии во Република Македонија“ – изјавил тогашниот директор на Државниот архив Зоран Тодоровски.
Досието „Темел“ од приватна архива го има само поранешниот пратеник Филип Петровски и сегашен директор на Државниот архив на Република Македонија, кој исто така бил жртва на тогашните методи за политичките неистомисленици.
Според неговите документи партијата е следена 24 часа и е бележана буквално секоја нејзина активност и секој којшто влегувал во нејзиното седиште.
Љубомир Фрчковски од Комисијата за лустрација беше прогласен за наредбодавател.
Документите се потпишувани во периодот меѓу 1992 и 1995 година кога Фрчковски беше министер, и покрај тоа што Македонија во тој период имала демократски устав. Фрчковски добивал информации од тајната служба или за кои потпишал решенија за следење било речиси целото тогашно партиско раководство на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Погледнете го видеото:Управата за државна безбедност и контраразнузнување ги следела претседателот на партијата Љубчо Ѓеорѓиевски со псевдоним „Мона Лиза&l