Мистеријата зад дежа-ву, феноменот кој ги збунува дури и научниците

Потиснато сеќавање, аномалија во памтењето или последици од реинкарнација. Ова се само некои од многуте теории кои пробуваат да го објаснат значењето на феноменот таканаречен дежа-ву.
Предизвикувач на дежа-ву може да биде било што. Звук, мирис или личност кој предизвикуваат ненадејно чувство дека знаеме што ќе се случи следно, како веќе да сме ја проживеале таа ситуација. Околу 80 % од луѓето барем еднаш во животот го доживеале гореспоменатиот феномен.
Според Фројд дежа –ву е потиснато сеќавање од детството кое кога ќе се најдеме во слични околности, егото го потсеќа на нешто од минатото. Когнитивните психолози ја надополнуваат целата приказна и тврдат дека станува збор за одамна заборавени делови од меморијата, кои се обично пријатни. На пример, мирисот на пазарот може да наврати возрасен човек на детството, поточно да го врати во времето.
Сепак, ниедна од овие хипотези не била докажана од научниците преку експеримент. Најпознатите прифатени објаснувања за сето ова е дека тоа е аномалија на помнењето според која мислиме дека повторно ја доживувате истата ситуација.
Сепак, никој никогаш не објаснил како е возможно во ситуација на дежа -ву да знаеме што ќе се случи следно. Токму поради овој факт и на луѓето им е непријатно да доживеат дежа-ву бидејќи ги збунува моментот на моменталната свесност за тоа што ќе каже нивниот соговорник, а потоа и слушањето на зборовите кои ги очекуваат.
Парапсихологијата пак, го поврзува дежа-ву со реинкарнацијата. Тие велат дека пред самото реинкарнирање ние ги бираме условите за следниот живот, но иако тоа го забораваме, повремено се присеќаваме на нив. Потиснато сеќавање, аномалија во памтењето или последици од реинкарнација. Ова се само некои од многуте теории кои про

Пронајдете не на следниве мрежи: