Како би изгледал светот без пчелите?

Со оглед на тоа дека пчелите се заслужни за една третина од целокупната количина на храна во светот, тогаш навистина е тешко да го замислиме светот без нив.Овие мали и вредни инсекти се одговорни за опрашување на најразлични видови растенија, овошје и зеленчук. Исто така, доволен е фактот што само во САД земјоделските приноси кои се проценуваат околу 15 милијарди долари се должат на вредната „работа“ на пчелните семејства.
Секако, со нивното исчезнување не би се загрозило земјоделството како гранка бидејќи постојат многу растенија на кои не им требаат пчелите за да се оплодат. Едни од нив се зрнестите  растенија и житарките, но сепак нашето секојдневно мени би се намалило, а со тоа и хранливата вредност на храната што ја внесуваме.
Светските статистички бројки покажуваат дека од 2006 год. се забележува значителен пад на пчелни семејства со што нивната цена се зголемува, а на земјоделството му се заканува голем проблем. 
Иако медиумите и експертите веќе ги имаат лоцирано можните причини за поморот на пчелите, сепак некои од нив остануваат мистерија. Обединетите Нации преку Програмата за животна средина (UNEP) во 2011 год. изработиле студија според која поморот на пчелите се должи на една поширока скриена закана за диви инсекти, а меѓу кои најважни се десетина причинители и тоа: намалување на бројот на цветни растенија, климатските промени, ширењето на болести и паразити како и употребата на пестициди и загадувањето на водата и воздухот на светско ниво.
1. Намалување на бројот на цветни растенија
Исчзнувањето на сé поголем број на цветни растенија се должи на современотоземјоделство за чии потреби се одгледуваат монокултури на огромни површни. Сотоа, а истовремено за потребите на сé поголемиот број на жители на Земјинататопка драстично се намалува бројот на цветните растенија. Единствен начин на којсекој од нас може да помогне е да засадиме сопствени цветни градини со што бидопринеле за зачувување на т.н. медна градина.
Повеќе на think.mkОвие мали и вредни инсекти се одговорни за опрашување на најразлични видови растенија, овошје и зеленчук. Исто та

Пронајдете не на следниве мрежи: