Како буквата „и“ (I) стаса во името на паметниот телефон на „ејпл“ „ајфон“?Првиот „ај“ уред кој го произвела компанијата бил „ајмак“. Лансиран во 1998 година, овој компјутер го обележа почетокот на модерниот „ејпл“.
Претставувајќи го тој компјутер, Стив Џобс изјавил дека тој е наменет исклучиво за интернет.
-Иако е ова чистокрвен Мекинтош, го направивме за корисниците да дојдат брзо и едноставно до интернет – изјави тогаш Џобс.
Тој на претставувањето на уредот прикажал и слајд од неколку различни зборови: интернет, индивидуалност, инструкции, информирање, инспирација.
– „И“ (ај) ни значи уште многу работи. Ние сме компанија која се занимава со компјутери и иако овој производ е создаден за во мрежа, тој е преубав самостоен производ. Нашата цел е да се користи во образованието – изјавил Џобс.
Така компанијата ја додала буквата „и“ (односно „ај“ на англиски јазик) на скоро сите прозиводи.Првиот „ај“ уред кој го произвела компанијата бил „ајмак“. Лансиран во 1998 година, овој компјутер го обележа почетокот на&