Како да дознаете дали момчето ве изневерува на Фејсбук

Модерната технологија носи модерни правила, па дури и кога се во прашање љубовните врски. Доколку се сомневате во своето момче дека ве изневерува, еве како да го разоткриете. Како што знаете и сами, прељубата не мора секогаш да биде остварена на физички план, понекогаш е доволно саканата личност да се вљуби во некој друг. Но, тешко е да се провери, посебно доколку со таа личност комуницира  исклучиво преку социјалните мрежи.
Ви претставуваме пет очигледни знаци дека вашето момче ве изневерува со некоја девојка на Фејсбук.
 Толку е внесен во пишувањето пораки,што не ве забележува
Тоа дека сте во врска не значи дека морате да знаете ама баш се  еден за друг. Некои работи би требало да останат приватни.
Но, доколку вашето момче со часови занесено „виси и типка на Фајсбук“, а притоа го игнорира секој обид да го вратите во реалноста.
Пораките му стигаат во секое време од денот и ноќта
Сите ние се допишуваме преку социјалните мрежи со различни луѓе и не ни малку чудно што  роднината од странство на вашето момче му прати приватна порака во текот на ноќта.
Но доколку тој не може да дочека да ја прочита пораката, а притоа ги прекинува вашите заеднички активност, тогаш тука нешто не е во ред.
Го сокрива екранот
Ви се случило ли да тргнете да го бакнете додека е на Фејсбук а тој испаничено се трга и го крие екранот од вас?
Освен ако кришум не ви порачува подарок за роденден или веренички прстен, за ова нема оправдување.

Немате пристап до неговиот компјутер или телефон
Мобилниот телефон е секогаш покрај него и никому не му дозволува да му се приближи
Кога луѓето мислат дека нешто грешат и не сакаат да бидат фатени, понекогаш имаат чудни физички реакции. Доколку скокне како попарен штом забележи дека се приближувате кон неговиот мобилен, што да ви кажеме освен – време е за сомнеж.
Нападот е најдобра одбрана
Кога конечно ќе соберете храброст да го прашате зошто толку време поминува на социјалните мрежи и со кого толку се допишува – а тој вас ќе ве нападне  дека немате прво да се мешате, време е нешто да преземете.
Секако, секогаш постои можност да не се работи за друга девојка, туку  дека вашето момче е зависник од  социјалните мрежи, но и во тој случај вие сте во право што му го привлекувате вниманието.  Можеби треба да посети психолог.Како што знаете и сами, прељубата не мора секогаш да биде остварена на физички план, понекогаш е доволно саканата личност да се вљуби во некој друг

Пронајдете не на следниве мрежи: