Како да ги исфрлите отровите од организмот?

Современото темпо на живот на кое сме изложени, предизвикува собирање на тешки метали и други токсини во нашите организми. Од отровите можеме лесно да се ослободиме, следејќи ги овие совети за детоксификација, кои не само што ќе го исчистат организмот, туку и ќе намали идна изложеност на токсини.
Намалете го нивото на маснотии во крвта
Во процес на елиминирање на тешките метали од телото, важно е да се држи нивото на маснотии во крвта пониско. Дополнителните маснотии од храната, која ја јадеме може да го успори или да го спречи процесот на отстранување на отровите од организмот.
Без оглед на пристапот на исхраната, намалето го внесот на маснотиите.

Конзумирајте сок од алое вера
Алое верата е билка, која уште од минатото е позната како една од најлековитите, а наједноставен начин за нејзин внес е преку сок. Тој содржи околу 240 хранливи и лековити состојки, а самата алое вера е голем помошник во исфрлување на тешките метали од организмот. За оптимални резултати, исечете неколку сантиметри долг лист од алое вера, излупете го и соберете го чистиот гел, а потоа изблендирајте го.

Посетете инфрацрвена сауна
Сеансите во инфрацрвена сауна дополнително ќе го поттикнат процесот на детоксификација. Инфрацрвените зраци продираат длабоко во кожата и обезбедуваат подобра циркулација на крвта и кислород низ организмот, со што се овозможува излез на отровите на површината на кожата. Инфрацрвените сауни ќе ги пронајдете во теретаните и велнес центрите, а се препорачува да се посетуваат два пати неделно со времетраење од 15 до 20 минути.

Организирајте чистење со сокови
Одличен начин за детоксификација е чистење со сокови. За 24 часа, конзумирајте само сокови, кои  мора да содржат целер, краставици и јаболка. Оваа комбинација има вистинска рамнотеѓа на минерални соли, калиум, како и природен шеќер за да го одржи нивото на глукозата во крвта стабилна, додека телото се чисти од токсини.
Пијте еден сок на секои два до три часа, а помеѓу соковите пијте само вода. 
 
 Од отровите можеме лесно да се ослободиме, следејќи ги овие совети за детоксификација, кои не само што ќе го исчистат организмот, туку и ќе намали

Пронајдете не на следниве мрежи: