Како да ги избришете програмите кои го успоруваат компјутерот?!

Дури и ако не се разбирате многу од  напредните опции на компјутерот, со помош на овој едноставен програм ќе може да се ослободите од сите вишок програми кои само го успоруваат вашиот компјутер.Колку и да внимавате што правите на компјутерот, сепак со текот на време тој успорува и тоа се должи на многуте непотребни програми кои се инсталираат автоматски со инсталирање на нешто што навистина ви треба.
Спороста најдобро се забележува при стартување на компјутерот при што му е потребно повеќе време за да биде спремен за користење, а тоа се случува поради програмите кои се активираат автоматски при стартување на компјутерот. Секако, потребно е да избришете се` што не ви треба, но како со сигурност ќе знаете кој програм му е потребен на компјутерот, а кој не?
Тука доаѓа на сцена новата бесплатна апликација “Should I Remove It”, која скенира сè што имате инстлаирано на компјутерот и со сигурност ви кажува што може да се избрише, а што е потребно. А исто така и дава можност за бришење на непотребните програми директно од аплиакцијата “Should I Remove it”.
Извор: Think.mkКолку и да внимавате што правите на компјутерот, сепак со текот на време тој успорува и тоа се должи на многуте непотр

Пронајдете не на следниве мрежи: