Ништо не може да го уништи убавиот изглед на лицето како сувите, испукани усни. Ако се совршени ги привлекуваат погледите, а кога се испукани исто така привлекуваат погледи, но зачудени. Покрај тоа, бидејќи се преполни со нервни завршетоци, испуканите усни умеат и тоа како да болат.Испукани усни без оглед на тоа колку убав облик имаат, сигурно нема да предизвикаат восхитени погледи.
Промените на времето, ветрот, ниските надворешни температури се вистински непријатели на усните. Покрај ветрот и студот, усните пукаат и заради дишењето на нос, заради одредени лекови со кои се лечат акните, дехидрираност на телото и друго. Без оглед на причината, еве како да ги излечите испуканите усни за тоа повторно да не ви се случува.
Навечер, додека ги миете забите, исчеткајте ги и усните за да се ослободите од сувите и оштетени делови. Правете го тоа со меко четче за заби и кружни покрети, зошто така ќе ја подобрите и циркулацијата на усните. По масажата ставете на уните мед и оставете го да делува 10 минути. Така кожата на усните ќе биде поеластична. Кога ќе го тргнете медот, намачкајте се со балзам кој во себе има витамин Е, а посебно се добри бадемовото масло или маслото од јојоба.
Ова е посебно добро да се прави навечер, бидејќи тогаш кожата на усните најдобро се регенерира. И не заборавајте дека со годините, кожата на усните станува потенка, исто како и другите делови на кожата на лицето и телото. Потенки стануваат и самите усни. Тоа е нормален, природен процес, но доколку усните ги негувате, подолго време ќе ви бидат убави.
Испукани усни без оглед на тоа колку убав облик имаат, сигурно нема да предизвикаат восхитени погледи.
Промените на времето, ветрот, нискит