За да ги намалите мастите не мора да се измачувате со диети базирани на салата, малку – масни сирења и тврдо варено месо. Постојат неколку намирници кои ќе ви помогнат во борбата со вишокот на килограми.
1. Авокадо
Авокадото е богато со монозаситени масти кои побавно се варат, а и поттикнуваат лачење на хормоните кои даваат подолго чувство на ситост. Луѓето на диета со ограничено внесување калории, а која вклучува и авокадо, можат да изгубат повеќе килограми од оние кои внесуваат еднаков број на калории, но го исклучуваат авокадото од исхраната.
2. Маслиново масло
Силното антиоксидативно дејство на маслиновото масло одлично ги намалува воспаленијата и спречува оштетување на клетките кои можат да бидат поттикнувачи на некои хронични заболувања.
3. Јогурт
Тој е полн е со протеини и дава дополнителна енергија, а најдобар избор е за добро варење. Во една порција има околу 20 грама протеини, исто како да сте изеле половина пилешки гради. Поради својата густина и кремастата текстура е идеален за салати кој се користи во замена за мајонез.
4. Зобна каша
Бидејќи се вари многу бавно, зобот од сите јаглени хидрати најдобро ја одржува ситоста. Содржи осум грама влакна или околу третина од дневните потреби. Ако кашата ја изедете наутро, долго во текот на денот ќе одржите стабилно ниво на шеќер во крвта.
5. Немасно телешко
Телешкото е одличен извор на протеини, а со нивното внесување во текот на диетата можете да ги сочувате мускулите од пропаѓање. Австралиските научници открија дека жените кои консумираат немасно црвено место шест пати неделно, губат околу 25 отсто повеќе од тежината од оние кои не го јадат. Сепак, внимавајте да не претерате, затоа што премногу месо може штетно да делува на варењето, а се поврзува и со појавата на рак.
6. Пуканки
Пуканките се всушност цели житарки, само распукани. Доколку сакате здрав оброк, испечете ги на маслиново масло и немојте многу да ги посолувате. Еден филџан за кафе има само 30 калории. Но, тоа не важи за пуканките од микробранова затоа што се канцерогени.
7. Шипка
Еден голема шипка има само околу 230 калории и одлична замена е за оброк. Сочните семки се богати со фолна киселина и многу антиоксиданси.За да ги намалите мастите не мора да се измачувате со диети базирани на салата, малку – масни сирења и тврдо варено месо. Постојат неколку намирниц