Како да го издржите жешкото време без климатизери?

Нормално е да ги отворате прозорците, но најдобро е тие да останат отворени само навечер кога воздухот е поладен. Најдобро е да се затворат пред почетокот на сообраќајниот метеж, односно пред 8 часот кога е „шицот“ и повеќето одат на работа или излегуваат да ги завршат обврските. Автомобилите  и останатите возила дополнително го загреваат веќе притушниот воздух. Во случај да немате ролетни, поставете темни платна или пердиња кои ќе го спречат сонцето уште повеќе да го затопли вашиот дом.За разлика од останатите градови во Македонија, често на скопјани им недостига овој ладен ноќен воздух, поради затвореноста на градот и многуте згради кои не дозволуваат струење на макар благ ветар. Во тој случај, бидејќи на телото му е потребна таа пониска температура за полесно спиење, пробајте да го разладите вашиот кревет со пакувања на мраз. Употребете неколку кесички за правење на мраз, од нив нема да може да истече вода кога мразот ќе омекне. Ставете ги на перницата и на душекот. Оставете ги околу половина час, колку што е отприлика потребно креветот да се разлади, а мразот да се истопи.
Користете распрскувач со вода и разладете се како што ги разладувате и вашите фикуси. Најдобро еодвреме на време да ги испрскате вашите стапала, а чуството на разладување ќе се прошири низ вашето тело.

Кога сте надвор носете светла и пред се широка облека и тоа по можност со долги ракави, со цел да се заштите од сонцето, по пример на пустинските номади. Слушајте паталец, а не гаталец. За дома, пак, сеуште важи правилото за широка облека, но носете на себе колку што е можно помалку.
Јадете зачинето. На тој начин повеќе ќе се потите, а со тоа и ќе се разладите.
Исто така, користете топла, а не ладна вода кога се туширате.За разлика од останатите градови во Македонија, често на скопјани им недостига овој ладен ноќен воздух, поради затвореноста на градот и многуте згр

Пронајдете не на следниве мрежи: