Како да го намалите ризикот од астма?

Ако во првите 3 месеци од животот, децата спијат на животинска кожа, значајно им се намалува ризикот од астма во подоцнежниот период, објавија германски научници.Експертите од Центарот „Helmholtz“ анализираа 2400 деца, родени во 1989 година и притоа открија дека до 6-тата година, децата кои спиеле на животинска кожа имале 79 % помалку напади на астма од оние кои спиеле на поинаква подлога.
Дури и на 10-годинишна возраст, ризикот од астма е за 41 % помал, во споредба со оние кои како бебиња спиеле на платно, пишува порталот „Плива“.
Една од причините за зголемената присутност на астма и алергија во последните 10 години е веројатно се повеќе стерилната средина во модерните и урбани општества.

„Веќе долго е познато дека децата кои израснале на фармите поретко заболуваат од астма и алергии“, изјави пулмологот Андреас Хелман, додавајќи дека се „верува дека раниот и постојат контакт со одредени бактерии во сеното, сламата и свежото млеко го намалуваат ризикот од тие болести“. 
По се изгледа, еден од изворите на тие микрбои е животинската кожа, иако научниците сеуште точно не одредиле за кои бактерии станува збор.
Со спиењето на животинската кожа, градски деца би можеле да се заштитат од астмата и алергиите, а децата од руралните средини таа заштита ја добиваат преку директниот контакт со животните, истакнуваат германските експерти.  Експертите од Центарот „Helmholtz“ анализираа 2400 деца

Пронајдете не на следниве мрежи: