четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да го научите вашето дете да биде упорно во животот?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Децата често се откажуваат поради стравот дека ќе бидат понижени пред пријателите или ако се плашат од неуспех.  Затоа е најдобро да поразговарате со нив, да им објасните дека сите почетоци се тешки, но дека тоа не треба да ги обесхрабри да продолжат со работата, дека успех се остварува само со трпение. Битно е да сочуствувате со нив, да им дадете до знаење дека ги разбирате, но и да им кажете дека упорноста е клучот ако сакаат да успеат на училиште, во некој спорт, а подоцна и во животот.

Нека вашите очекувања бидат скромни и умерени. Ако вашето дете ве моли да го запишете на часови по гитара, немојте да плаќате цел месец однапред, туку платете 3 до 4 часа. Така, ако на почетокот не му се допаѓа, можете да го советувате да издржи уште неколку.
Конечно, објаснете им на децата дека е нормално да престанат со одредени активности кога е тешко, но дека тоа чувство набрзо ќе помине. Ако детето сфати дека секогаш ќе се соочува со потешкотии, тогаш постои мала веројатност дека ќе се чувствува незадоволно уште на првите пречки.  Затоа е најдобро да поразговарате со нив, да им објасните дека сите почетоци се тешки, но дека тоа не треба да ги обесхрабри да продолжат со работа

Поврзани вести