Како да го победите мамурлакот?!

После лудата ноќ која е зад нас, а во текот на која сме се напиле по некоја чашка повеќе, првото прашање кое ни паѓа на памет е како да се избориме со мамурлакот.Затоа за вас подготвивме листа на вообичаени рецепти кои луѓето  ги препорачуваат против мамурлак, и кои од нив се лажни а кои вистинити.
1. Аспирин пред спиење
За овој лек сега можеби е веќе доцна, иако е познато дека после испивањето на голема количина алкохол не е лошо да се напиете аспирин, за да се спасите од мачното утро. Според медицинските експерти овој совет е добар. Но сепак, тие предупредуваат дека во текот на ноќта најчесто поминува дејството на апчето, па затоа подобро е да се испие веднаш по доручекот.
2. Клин со клин се вади
Мислењето на некои луѓе дека „Клин со клин се вади“ според експертите е мит и не треба утрото да го започнете со друга чашка алкохол. Докторите велат дека пијалокот наутро дополнително ќе ја влоши вашата состојба бидејќи со тоа ќе дојде до поголема дехидрација на организмот.
3. Шолја јако кафе
И овој совет за жал припаѓа во категоријата митови. Експертите велат дека мамурлакот нема да го спречи ни цел бокал јако кафе. Доктор Ерик Голарник од од болницата во Бостон, вели дека кафето вас неможе да ве отрезни, но може да ве расположи.

4. Јак и мрсен доручек
Делумно вистинито. Преголемото количество на алкохол може да го поремети и стомакот и шеќерот во крвта, поради што по излегувањето чувствуваме мака или потреба за храна.
Меѓутоа наместо јакиот мрсен доручек, можете да земете тост или крекери кои ќе ви го стабилизираат шеќерот во крвта без иритација на стомакот. Ако не ви е тоа доволно, направете си супа од било каков вид.
5. Многу вода
Проверено добар совет за мамурлак е испивањето што поголемо количество на вода. Докторот Голарник вели дека луѓето кои доаѓаат во болница жалејќи се на мамурлак прво добиваат една голема чаша вода.
Алкохолот  го дехидрира вашето тело, а со тоа се јавува главоболка и умор.
6. Сон
Нормално, покрај водата и сонот е одамна испробан начин за поминување на мамурлакот. Мамурлакот обично исчезнува после 24 часа па долгиот сон може во голема мера да помогне вашиот прв ден по пијанството да ви биде по поднослив.Затоа за вас подготвивме листа на вообичаени рецепти кои луѓето  ги препорачуваат против мамурлак, и кои од нив се лажни а кои вистинити.

Пронајдете не на следниве мрежи: