Како да го подобрите расположението?

Нерасположени сте? Поминувате низ стресен период?Ви предложуваме неколку начини да го подобрите расположението!
Направете листа со цели
Направете си листа со цели кои треба да ги исполните во текот на денот. Со секоја завршена задача, прешкртајте ја на листата. Ова ќе ви даде чувство на исполнетост.
Направете нешто креативно
Кога се обидувате да направите нешто креативно, нивото на допамин расте. Напишете нешто, нацртајте нешто, направете некој креативен предмет. Ќе забележите дека расположението ќе ви се подобри.
Вежбајте
Вежбањето му годи и на телото и на духот. Не за џабе рекле – Во здраво тело, здрав дух! Не мора да правите тешки физички вежби. Доволни ви се 20 минути дневно или просто излезете надвор и прошетајте!
Променете ја исхраната
Внесувајте многу зеленчук и овошје! Одморете од брзата храна и месото. Пијте многу течности. Вода, свежо цедени сокови, чаеви. Одморете од кафето и алкохолот. Здравата храна и здравите пијалоци го подобруваат расположението.
Слушајте музика
Музиката многу влијае на расположението. Пуштете ја вашата омилена музика и опуштете се.Ви предложуваме неколку начини да го подобрите расположението!
Направете листа со цели
Направете си листа со цели

Пронајдете не на следниве мрежи: