Како да го спречите „цветањето“ на косата?

Распуканите врвови од косата се чест проблем кај девојките. Затоа имаме лесно решение за овој проблем:
– пред да ја кратите косата проверете дали ножичките се доволно оштри. Внимавајте каде одите на фризер, опремата мора да биде добро наоштрена во спротивно уште повеќе ги оштетувате врвовите.
– не користете жилет. Жилетот при сечењето го дели влакното на повеќе делови поради што истото побрзо расцветува.
– внимавајте како ја фарбате и со што ја фарбате вашата коса. Фарбите за коса го оштетуваат влакното, го прават потенко и полесно може да расцвета. Хидрогенот ја оштетува косата, затоа оставете подолг период помеѓу секое наредно фарбање.
– при обликување на косата користете препарати кои ќе ја заштитат, како што се спрејови за заштита на косата при пеглање, фенирање или виткање.
– користете квалитетен шампон кој ќе ја направи вашата коса посјајна и поцврста.
– лесно забораваме дека сонцето и ветерот се непријатели на косата. Ако подолго време сте изложени на силно зрачење или силен ветер косата се оштетува. Затоа во лето користете препарати за заштита од сонце, а на есен и во зима за заштита од ветер и мраз.
– влечењето на косата било да е со пегла или со чешел го поттикнува расцветувањето на влакното, а може да предизвика и кинење на поголем број влакна.Затоа имаме лесно решение за овој проблем:
– пред да ја кратите косата проверете дали ножичките се доволно оштри. Внимавајте каде одите на

Пронајдете не на следниве мрежи: