Како да го задржите пријателството?

Колку време поминало од последниот пат кога сте се слушнале со најдобрата пријателка или пријател? Дали го паметите датумот или ви е изгубен некаде во магла? Колку е важно да вложувате многу труд за да на крајот имате квалитетна љубовна врска, исто толку е потребно да се знае како да се задржи пријателство. Пријателството не треба лесно да го сфатите бидејќи прителите се важни, а некои од нив остануваат до крајот на животот. Во најтешките ситуации кога не верувате во подобро утре и кога ни вашите членови на семејството не можат да ви помогнат, тука секогаш е пријател кому можете да му се доверите и којшто ќе ви помогне брзо да ја пребродите кризата во која се наоѓате.
Пријателите се важни и поради тоа пријателството не треба лесно да се сфаќа. Сигурно во разни фази од животот сте стекнале пријатели за кои сте биле уверени дека ќе ви останат до крајот на животот.  Дали така било навистина кога сте завршиле факултет или откако сте се венчале и сте основале семејство?
Да се задржи пријателството ни малку не е лесно бидејќи пред вас се целосно поинакви интереси и желби поради кои животот ве однел во спротивни насоки Иако пријателството, особено она кое е создадено уште во училиште е тешко да се задржи, сепак тоа не значи дека тоа е невозможно. Се’ што е потребно е двете страни да вложат доволно труд како би и после дваесет години останале во добри односи и како би можеле да зборуваат кога ќе излезат на кафе и секогаш телефонски да се слушаат со пријателите со коишто ја делеле училишната клупа.
Пријателствата обично почнуваат поради некои заеднички интереси, а кога тие ќе се променат, тогаш настапуваат проблеми. Доколку неодамна сте постанале родител и сега имате голема одговорност, замолете понекогаш некој да ви го причува детето за да можете и понатаму да излегувате на кафе и да позборувате за старите времиња.
Понекогаш е тешко да се усогласат своите и туѓите обврски и ако забележите дека тешко е да се најдете на кафе, обидете се барем редовно да се слушате на телефон и не дозволувајте таа личност да ви постане странец. Бидете покрај својот пријател кога му е тешко и не заборавајте дека и овој вид на врска бара многу вложувања. Чувајте го своето пријателство. Пријателството не треба лесно да го сфатите бидејќи прителите се важни, а некои од нив остануваат до крајот на животот. Во најтешките ситуации кога

Пронајдете не на следниве мрежи: