Како да го зголемите бројот и квалитетот на сперматозоидите

Ова е рецептот што ќе ја освежи вашата семена течност.
Верувале или не, бројот на сперматозоидите може да се зголеми со користење на Ц-витамини.

Ако секој ден конзумирате 200 мг Ц-витамин, сперматозоидите се зголемуваат за 24 проценти, а нивната мобилност и до 18 проценти. Исто така, на овој начин се зголемува бројот на сперматозоидите кои остануваат живи за уште 24 часа по ејакулација и до 23 проценти.
Доволниот внес на овој витамин е особено важен за луѓето кои пушат и сакаат да направат добро за нивната сперма, бидејќи цигарите ослободуваат голем број на слободни радикали кои негативно влијаат на работата на тестисите и ја оштетуваат спермата. Против ова успешно се бори Ц-витаминот, кој пушачите го трошат побрзо отколку непушачите, а и витаминот Е и бета-каротен.

Пушач кој пуши околу 20 цигари на ден во крвта има до 40 проценти помалку Ц-витамин одколку непушачот со сличен начин на живот. Нивните “мали” се по малубројни ( ги имаат дури за 17 отсто помалку отколку непушачите), помалку се подвижни и повеќе пати “пукаат во празно” .
Само совршените сперматозоиди можат да навлезат во јајце клетката и да ја оплодат. Значи, дали сте пушач или не, не заборавајте да јадете многу свежо овошје и зеленчук или внесувајте Ц-витамин.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ова е рецептот што ќе ја освежи вашата семена течност.
Верувале или не, бројот на

Пронајдете не на следниве мрежи: