Како да им ги соопштите лошите оцени на родителите? Тој избрал начин кој неговите родители ќе го паметат до крајот на животот!

Се сеќавате ли на она лошо чувство кога ќе добиете лоша оцена на училиште па не знаете како да им го соопштите тоа на родителите? Едно 15- годишно момче ја имало истата дилема, но начинот на кој им ги соопштил лошите вести на родителите, е нешто што ќе го паметат до крајот на животот.Писмото на еден тинејџер со кое им соопштил на родителите како стојат работите на училиште, стана вистински хит на интернет, а истивремено е остварување на сите кошмари на родителите. За да ги подготви за лошите вести, момчето ја средило својата соба и оставило писмо адресирано на татко му. А во него пишува:
„Жал ми е што го пишувам ова.
Морав да избегам со својата девојка за да избегнам сцени со тебе и со мама. Со стејси ја пронајдов љубовта и таа е многу фина, но знаев дека нема да ја одобрите мојата врска со нејзе поради нејзините присинзи, тетоважи, тесни кожни панталони и фактот дека е многу постара од мене.
Но тоа со нејзе не е само страст. Таа е бремена. Стејси вели дека ќе бидеме многу среќни заедно. Таа има камп приколка во шумата доволно дрва за цела зима. Стејси и ја симаме ист сон- да имаме уште многу деца.
Стејси ми ги отвори очите по прашањето за марихуаната. Таа никому не му штети. Одлучивме да ја одгледуваме за себе и да ја разменуваме со други луѓе. Во меѓувреме, се надеваме декаа науката ќе пронајде лек за сидата, за Стејси да може да оздрави. Таа тоа го заслужува.

 
Не грижи се тато имам 15 години и знам како да се грижам за себе. Сигурен сум дека еден ден ќе ве посетам, за да можеш да ги запознаеш своите многубројни внуци.
Со љубов, Џошуа“
Вакво писмо би предизвикало срцев удар кај секој родител , но олеснувањето доаѓа на крај…
„П.С.
Тато, ништо од ова не е точно. Јас сум кај Џејсон. Само сакав да те потсетам дека постојат и полоши работи во животот од оцените на училиште кои ти ги оставив на масата во кујна.
Барај ме кога ќе биде безбедно да се вратам дома“.
Сосема сигурно има и полоши работи во животот од оцените лна училиште, но замислете на момент дека сте вие тој родител кој затекнува вакво писмо од своето дете. Како би реагирале вие?Писмото на еден тинејџер со кое им соопштил на родителите како стојат работите на училиште, стана вистински хит на интернет, а истивремено е оствар

Пронајдете не на следниве мрежи: