Познато сценарио: запознавте некој, се гледате некое време, ги поминавте сите фази на додворување, се бакнавте… и сега е време за првиот секс! Покрај позитивната трема што ја чувствувате, се јавува и мала доза на загриженост, бидејќи не знаете како тоа ќе изгледа. Тоа што не го познавате телото и желбите на другата личност предизвикува дополнителна тензија. Не грижете се, постојат неколку начина вашиот секс да биде неверојатен.
1. Спремете се: Ако денот го поминете заедно, бакнувајте се и допирајте се за телата да ги спремите за големиот настан. Облечете го она во што се чувствувате пријатно и секси. Мислете на тоа што сакате да го доживеете со новиот партнер.
2. Одберете добро место: За првиот секс одберете место каде ќе бидете опуштени. На пример, ако вашиот партнер има цимери кои постојано доаѓаат и си одат, веројатно нема да ви биде пријатно. Ако биде кај вас, спремете ја собата: пуштете некоја тивка музика, пригушете ги светлата, ставете чиста постелнина, можете да запалите и некоја свеќа доколку сакате. Обавезно исчистете го нередот и тргнете ги фотографиите од детинството и сликите на кои што сте со вашите родители.
3. Предиграта е важна: Кога се поврзувате со партнерот за прв пат, немојте да брзате. Навистина потрудете се да ја продолжите првата фаза за возбудувањето постепено да расте. Ако повеќе време поминете фокусирани на задоволството пред пенетрацијата, повеќе ќе уживате кога ќе започне вистинската акција.
4. Очекувањата држете ги под контрола: Додека сите овие совети можат да ви помогнат уживањето да го доведат до максимум, имајте на ум своите оцекувања да ги држите под контрола. Имено, луѓето понекогаш ги поставуваат своите ,,визии” превисоко. Да речеме, повеќето жени не доживуваат оргазам првиот пат со новиот партнер. Затоа запомнете дека секој пат кога пробувате нешто ново, морате да научите тоа да го правите. И на крај, ако првиот секс со новиот партнер е лош, не значи дека секогаш така ќе биде, едноставно, морате да научите како тоа да го правите со таа личност.
Copyright 2018: Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.