Како да ја исушите косата без фен, а да имате совршена фризура?

Во деновите кога немате волја да се посветите на средувањето на фризурата, овој трик одлично ќе ви послужи.Сушењето на косата природно на воздух звучи лесно, но реалноста е дека можете да завршите со не толку привлечна фризура.
Нема потреба да користите никакви алати за да имате убава фризура, ако научите правилно да ја сушите косата на воздух. Еве како се прави тоа:
Крупно виткана коса: Користете пешкир од микрофибер за да ја исушите косата. Тој има силна моќ на впивање. Користете ги прстите или чешел. Кога косата ви е 70% сува, нанесете малку спреј од морска сол за да добиете изглед како да сте биле на плажа. Ако сакате покрупни локни, земете мали делови од косата и нанесувајте повеќе спреј од морска сол.
Рамна коса: Нежно протријте ја косата со пешкир од микрофибер. Кога косата е полусува, земете крупен чешел и исчешлајте ја. За да остане рамна, употребете гел од алое вера. Нанесете го гелот од коренот до крајот на влакното за да создадете текстура.
Ситно виткана коса: Немојте да ја чешлате со четка, бидејќи ќе завршите со бушава фризура. Користете ги само прстите. Ослободете се од вишокот вода со пешкир од микрофибер. Подигнете ја косата нагоре, а потоа зафрлете ја наназад за да додадете волумен. Ако сакате издефинирани локни, користете малку крема или масло за коса.
Природна коса: По миењето со шампон, добро протресете ја косата и отстранете го вишокот вода со пешкир од микрофибер. Нанесете течен производ, крема и масло за локните да бидат дефинирани.Сушењето на косата природно на воздух звучи лесно, но реалноста е дека можете да завршите со не толку привлечна фризура.
Нема потреба да ко

Пронајдете не на следниве мрежи: