Љубомората е сосотојба која не е убава ниту за оној кој ја чувствува, ниту за оној кон кого е насочена. Пред да направите скандал, прочитајте ги овие совети и пробајте да избегнете уште една караница
1. Пронајди го изворот од каде произлегува љубомората.
Таа е предизвикана од различни мотиви, а пред да се ослободиш од неа мораш да размислиш што точно ја предизвикува. Ако искрено кажеш во што е проблемот, поголеми се шансите да престанеш да бидеш љубоморна.
2. Спореди ја ситуацијата.
Ако си љубоморна на девојка која премногу се дружи со твоето момче, размисли дали имаш и ти слична ситуација. Секако, првата помисла е дека тој и се допаѓа, но само размисли за твојот пријател кој го поминува времето со тебе, а твоето момче поради таа ситуација нема љубоморни испади. Можеби паничиш без причина.
3. Нека те инспирира.
Многу девојки знаат да бидат љубоморни на новата девојка на нивното поранешно момче, но таа љубомора често од нас извлекува негативна енергија. Наместо да се нервирате или да кренете слушалка и да се расправате со него, таа енергија насочете ја кон менување и подобрување на самата себе.
4. Разговарај со некој.
Пред да направиш сцена, пробај да разговараш со некој во врска со тоа што го чувствуваш. Ти си премногу субјективна да би можела сама да пресудиш за што точно се работи, а пријателката може да ти даде многу добар совет бидејќи ја гледа ситуацијата од друг агол. Со разговор ќе си ја оладите главата, можеби тогаш поинаку ќе размислувате.
5. Биди голема личност.
Понекогаш бившиот дечко намерно те провоцира, но и понекогаш тоа го прави новата девојка која се мота околу него. Нивната цел е да добијат реакција, поради тоа најдобро е да глумиш дека не ти сметаат воопшто. Така брзо ќе престанат, а ти ќе делуваш многу позрело.Љубомората е сосотојба која не е убава ниту за оној кој ја чувствува, ниту за оној кон кого е насочена. Пред да направ