Како да ја победите срамежливоста?

Ако сте срамежливи и имате проблеми во справување со нови ситуации и луѓе можеби мислите дека не можете многу да направите околу тоа, што секако не е вистина.За да победите во борбата со срамежливоста ќе ви треба многу време, труд и искуство, но успехот на крај ќе вреди за вложениот труд.
Многу книги се веќе напишани на тема за срамежливост и би било добро да прочитате барем некои од нив. Сепак за вас се обидовме да го издвоиме она основното низ пет следни совети.
1. Секое утро прво што би требало да направите е да застанете пред огледало и да повторите неколку пати: „ се чувствувам и изгледам одлично “.
Повторете ги тие зборови неколку пати, додека сами себе не се уверите во нивната вистинитост. Потоа облечете се и средете се најдобро што можете. Луѓето секогаш со другите подобро и полесно комуницираат ако мислат дека добро изгледаат.
2. Барем еднаш дневно направете некоја ризична постапка.
Соочување со стравовите ќе ја зајакне вашата самодоверба. Кога ќе се научите да се носите со помали стравови ќе бидете поподготвени за големи работи. Не постои ништо што не можете да направите. Само морате да знаете дека промените ви помагаат во личниот развој, а секое превземање на ризик ја зголемува самодовербата.

3. Ако учествувате во групни расправи би било добро да им кажете на другите дека сте срамежливи.
Тогаш тие ќе се обидат да ве охрабрат да го изнесете своето мислење и да учествувате во конверзацијата. Ако го премолчите тоа би можеле да помислат дека ви е досадно и дека не сакате да придонесете во расправата.
4. Одбивање и неуспех се составни делови на животот и колку порано го сфатите тоа полесно ќе одите напред.
Немојте да мислите дека само вие сте одбиени или дека морате да успеете во се што ќе се обидете. На пр. ако повикате некого за излегување, морате да знаете дека секоја личност има различен вкус и поим што сака или не кај партнерот. И вас ве привлекува еден тип на личност додека друг ве одбива. Значи ако таа личност и ве одбие тоа не ја намалува вашата вредност, веројатно не сте тип каков што сака таа личност. Никогаш никакво одбивање немојте да го сфаќате лично. Прифатете го и тргнете понатаму.
5. Вклучете се во активности кои ве прават среќни. Тоа може да биде било што, од Таи Чи до плетење или готвење. Истражување на нови работи е одличен лек за срамежливост.За да победите во борбата со срамежливоста ќе ви треба многу време, труд и искуство, но успехот на крај ќе вреди за вложениот труд.
Многу к

Пронајдете не на следниве мрежи: