Како да ја поправите лошо обоената коса

Иако ги следевте упатствата за нанесување на бојата за коса, она што го здогледавте во огледалото не ви се допадна ни малку. Не грижете се, сепак не е се изгубено.Проблем 1: Претемна боја
Сакавте топла чоколадна нијанса или богато браон, а завршивте со црна коса како Мортиција Адамс, ште ве фрли во очај? Често боењето дома за жал, не завршува онака како што очекувавме.
Доколку вашата коса често е третирана со бои потенка е и склона на оштетување па тоа исто така може да влијае на резултатот на боењето.
Доколку добивте претемна нијанса, од несаканите бои можете да се ослободите со темелно шампонирање. Значи, штом забележавте дека бојата не е онаква каква што сте ја сакале, измијте ја косата со квалитетен шампон и топла вода. При миењето темелно измијте ја косата. Повторете го тој процес повеќе пати во текот на 24 часа, се додека не бидете задоволни од резултатот. Фризерите советуваат во шампонот да додадете и мала количина средство за миење садови.
Секако по овој третман добро нахранете ја косата со маска за да и ја вратите хидратизираноста и сјајот.

 
Проблем 2: Портокалови тонови
Имавте на ум прекрасна платинеста руса, но, таа трансформација заврши со чудна портокалово/ жолта нијанса? Секако, не е лесо да се добијат светли нијанси во домашна атмосфера, па често можеме да се изненадиме со непријатен резултат. Важно е, при изборот на светли бои одберете ги оние кои имаат ладни, пастелни тонови, особено доколку ја осветлувате кафената коса. За да се ублажи црвениот подтон кој кафената коса обично го има, користете виолетови или плави шампони. При фенирање или пеглање на косата, внимавајте  да не користите премногу топол воздух за косата да не се оштети дополнително.
Доколку не ви успее ништо од ова, а косата се уште ви е претемна, пресветла или нееднакво обоена, најдобро би било сепак да побарате стручна помош. Стилистите за коса истакнуваат дека не е препорачливо да ја боите косата дома повеќе од 2- 3 нијанси посветло од вашата природна коса. Радикалните промени сепак препуштете му го на вашиот фризер.Проблем 1: Претемна боја
Сакавте топла чоколадна нијанса или богато браон, а завршивте со црна коса како Мортиција Адамс,

Пронајдете не на следниве мрежи: