Како да ја сочувате плодноста до 40- тите години?

Можеби сè уште не се гледате како мајка, можеби не сте материјално подготвени за дете или едноставно не сте го нашле партнерот со кој сакате да создадете семејство – без оглед која е причината, сепак има жени кои подоцна во животот се остваруваат во улогата на мајки. Секако дека сте свесни дека со годините плодноста се намалува, а над 35-тата година тој е за 22% поголем отколку во претходните години.
Годините и биолошкиот часовник не можете да ги промените, но затоа можете да вметнете поздрави навики во секојдневието кои ќе ви помогнат да ја сочувате плодноста уште неколку години.
Ако мислите да имате дете во наредните 5 години, важно е да го посетите вашиот гинеколог токму сега, денес и да откриете дали имате здравствени проблеми кои може да ја отежнат бременоста.
Физичката активност е исклучително важна за плодноста. Активирајте се физички, но не претерувајте со заморување.
Оралната хигиена е исто така еден од поважните фактори. Крварењето од непцата, воспаленијата и кариесот може да се поврзани со плодноста. Секојдневно користете паста, четка за заби, конец и вода за плакнење на устата.
Практикувајте сигурен, заштитен секс кој ќе спречи секакви болести, бактерии и инфекции. Тие во иднина може да ги искомплицираат работите и да предизвикаат неплодност.
Откажете се од цигарите и консумирајте кофеин во умерени дози.
Земајте мултивитамини, посебно Б комплекс. Фолната киселина ја подобрува плодноста и ја стимулира овулацијата.
Железото е уште една важна компонента која треба да ја консумирате секојдневно.
Во исхраната нека доминираат свежите плодови, овошјето и зеленчукот, а со тоа и тежината нека не ви варира премногу, односно обидете се да ја пронајдете златната тежина и да се придржувате до неа.
Намалете ја изложеноста на хемикалии и токсини колку повеќе можете.
Најдете начини и активности кои ви носат баланс во секојдневието и ве ослободуваат од стресот.
Следете го вашито менструален циклус и грижете се тој да биде уреден. Ако забележувате било каква промена во исцедокот, задолжително посетете лекар без одложување. Секако дека сте свесни дека со годините плодноста се намалува, а над 35-тата година тој е за 22% поголем отколку во претходните години.
Год

Пронајдете не на следниве мрежи: