Шеќерот и декларативно стана корен на сите здравствени проблеми, но, за жал, неколку децении подоцна. Додека сите бевме насочени кон елиминација на сите маснотии во диетите во 90-те години на минатиот век, нашата зависност од шеќер остана без надзор. И уживавме во кексите, колачите и другите процесуирани слатки.
Сега сме во фаза како да се одвикнеме од овие слатки намирници? Според славната нутриционистка Елиси Гудман, тоа наводно е многу едноставно.
– Престанете да јадете шеќер! Колку помалку јадете, толку помалку ќе ви се јаде. Јадете храна богата со нутритиви и за кратко време ќе забележите дека желбата за слатко ќе се намали. Моите клиенти забележаа дека желбата за слатко почнува да се намалува четвртиот или петиот ден од нивното ’чистење’. Првите денови е најтешко, но ако сакате да победите во битката, мора да истраете — вели Гудман.Сега сме во фаза како да се одвикнеме од овие слатки намирници? Според славната нутриционистка Елиси Гудман, тоа наводно е многу едноставно.