Kако да јадете без ограничувања и да бидете фит

Ако сакате да ги избегнете гасовите, подуеноста и таложењето вишок килограми, придржувајте се до овие неколку совети.1. Јадете помалку, но почесто. На тој начин ќе го спречите преоптоварувањето на дигестивниот тракт.
2. Избегнувајте газирани пијалоци и шампањ. Иако е тешко да им се одолее на празничните пијалоци, тие ќе предизвикаат надуеност и дехидрација.
3. Избегнувајте прескокнување на оброците, замената на вода со алкохол и доцни оброци. Држете се до вообичаениот распоред на оброците што е можно повеќе.
4. Бидете активни. Деновите поминати пред ТВ или интернет можат да го забават варењето и да го зголемат стресот.
5. Консумирајте пробиотици или во вид на јогурт или во капсули. Корисните бактерии ќе го зачуваат здравјето на вашиот дигестивен систем.
6. Избегнувајте намирници како зелка и брокула. Тие ќе предизвикаат појава на гасови и надуеност.
7. Избирајте внимателно. Наместо да пробате се` што се наоѓа на трпезата, определете се за неколку работи кои ви изгледаат највкусно. Доколку, сепак, не можете да им одолеете на празничните јадења, земете од се`, но по малку.
8. Пијте топла вода со лимон. Наместо да испиете кафе, подобро сварете чај од камилица или нане во кој ќе додадете свежо исцеден лимонов сок. Топлата вода или чај ќе го смират дигестивниот систем и ќе ги олеснат проблемите со варењето.
9. Избегнувајте ја индустриски преработената храна. Премногу скроб, сол и рафинирани масти можат значително да го отежнат варењето, да го ослабат вашиот имунитет и да направат да се чувствувате поуморни отколку што сте.
10. Пијте многу вода. Таа ќе го олесни поминувањето на храната низ дигестивниот систем, а со самото тоа и варењето.1. Јадете помалку, но почесто. На тој начин ќе го спречите преоптоварувањето на дигестивниот тракт.
2. Избегнувајте газирани

Пронајдете не на следниве мрежи: