Како да му помогнете на бебето што го мачат грчеви?

Најголем предизвик за новите родители се коликите, т.е. грчевите што се јавуваат во првите три месеци од животот. Тие најчесто започнуваат во текот на втората или третата недела од животот, а максимумот го достигнуваат околу шестата недела од животот.Што ги предизвикува коликите? Постојат бројни теории за тоа што може да ги предизвикуваат коликите т.е. грчевите кои не се болест туку само симптом. Дел од нив се поврзуваат со недоразвиениот систем за варење кај децата, но и со падот на хормоните (прогестеронот) од мајката, алергија или внесување на прекумерна количина храна.
Како се манифестираат коликите?
Станува збор за здрави деца на возраст до три месеци кои ги манифестираат следните симптоми:
− Гласно и долготрајно плачење кое може да трае повеќе часови, неколку дена во неделата. Вообичаен период е од 6 часот попладне до полноќ, но некои деца плачат и во текот на денот.
− Додека плаче, бебето ги собира нозете кон стомакот, ги стиска рацете во тупаници, ги витка прстите на нозете, а лицето наизменично поцрвенува па пребледува поради напорот што го предизвикува плачењето. Хранењето и спиењето се нарушуваат поради плачењето. Бебето бара да цица, но нагло прекинува откако доењето ќе почне, или ке заспие за момент, а потоа веднаш се буди врескајќи.
− Нападите на плачење вообичаено завршуваат со празнење на цревата или испуштање на гасови.
Како се лекуваат коликите?
Не е познат лек што потполно ги лекува коликите. Истражувањата покажале дека со намалување на гасовите, кај најголем дел од бебињата се намалуваат и тегобите. Се препорачуваат благи, слабо концентрирани чаеви од нане, анасон, камилица, маточина и др.Што ги предизвикува коликите? Постојат бројни теории за тоа што може да ги предизвикуваат коликите т.е. грчевите кои не се болест туку само симптом

Пронајдете не на следниве мрежи: