Како да му помогнете на детето да се носи со неуспехот?

Децата мораат да научат дека успехот и неуспехот се две страни на истата паричка. Треба да разберат дека неуспехот не значи дека е крај на светот.Следуваат неколку начини како да му помогнете на детето да се носи со неуспехот.
1. Покажете му дека неуспехот е реалност
Не дозволувајте детето да биде под притисок дека никогаш нема да доживее неуспех. Разговарајте со него за неуспехот и можностите за негово случување. Објаснете му дека неуспех може да му се случи и на некој што не направил ништо лошо и дека тоа е составен дел од животот. Кога ќе го прифатат тој факт ќе им биде полесно да се носат со него
2. Научете го детето да се смее на самото себе
Смеењето на самото себе е особина, која ретко се сретнува. Тоа е нешто што морате да им го всадите во умот на децата. Тоа ќе им помогне да разберат дека не треба секој неуспех во животот да го сфаќаат мошне сериозно и важно е да бидат во состојба да се смеат на сопствените грешки.
3. Во секоја негативна ситуација постои и нешто позитивно
Доколку кај децата додека се мали развиете позитивен поглед на светот, нема да имаат проблем во надминувањето на неуспехот. Секогаш ќе барате некоја можност скриена во неуспехот.

 
4. Укажете на примерите на познатите неуспеси
Многу полесно ќе му помогнете на детето да се носи со неуспехот, доколку му укажете некои примери. Раскажете му за Стив Џобс, Абрахам Линколн, Алберт Ајнштајн и другите, кои биле соочени со бројни неуспеси, но на крајот доживеале голем успех.
5. Безусловна љубов
Една од најважните работи, кои можете да ги направите како родител, кој на своето дете сака да му помогне е да се носи со неуспехот и да му пружи безусловна љубов. Децата никогаш не треба да почувствуваат дека родителите не ги сакаат бидејќи во нешто не успеале.
6. Поставување на идеален пример
Имајте на ум дека вас децата константно ве набљудуваат и се огледуваат на вас. Доколку видат дека сте доживеале неуспех на професионален или личен план, ќе реагираат на ист начин, како што вие реагирате на сопствениот неуспех. Поставете добар пример, така што ќе се носите со неуспехот зрело и со насмевка на лицето.Следуваат неколку начини како да му помогнете на детето да се носи со неуспехот.
1. Покажете му дека неуспехот е реалност

Пронајдете не на следниве мрежи: