Како да најдете љубов во 2018 година според вашиот хороскопски знак?

Сакате да најдете љубов во 2018 година? Хороскопот може да ви помогне во тоа.Овен – Успорете малку и уживајте во малите моменти. Престанете да се плашите од врзување. Не се плашете од времето кое го минувате со другата личност, така можете подобро да ги запознаете. Одете на кафе или пијачка, без агенда. Одете на мали авантури заедно. Не мора сите работи да се премногу сериозни.
 
Бик – Прифатете дека не знаете сè за љубовта. Знаеме дека имате стандарди, но не морате постојано да им држите предавања на сите дека знаете сè. Не можете сите нешта да ги имате под контрола. Бидете трпеливи. Научете го тоа и сè ќе биде во ред.
Близнаци – Запаметете дека не морате сите нешта да ги земате сериозно. Слушајте, следете и потрудете се да останете во сегашноста. Исклучете го вашиот мозок понекогаш, особено кога размислува негативно или крева паника. Дишете. Барајте го тоа што го сакате. Бидете прво искрени со себеси, а потоа и со другите.
Рак – Знајте дека вие го заслужувате светот. Бидете претпазливи со своето срце и емоции, но не и параноични. Отидете си од оние кои не ве ставаат на прво место. Не се трудете да ги поправите луѓето, ќе се изморите. Бидете гласни кога нешто не ви се допаѓа или некој ве повредува.
Лав – Следете ја понекогаш својата интуиција наместо да следите некаков план. Излегувајте почесто, но не го носете своето его со себе, во секоја ситуација. Слушнете ги малку и другите луѓе. Поставувајте прашања. Запаметете дека не сте секогаш најинтересната личност каде и да се појавите.
Девица – Дозволете и на својата прагматичност да ви даде насока во животот, но не и да контролира сè што правите. Преземајте ризици и бидете отворени кон своето срце. Не мислете дека сите нешта мора да се практични и спроведливи. Уживајте малку повеќе во животот. Дајте си малку повеќе слобода за тоа.
Вага – Правете ги работите бидејќи сакате, а не зошто морате. Престанете да ги задоволувате сите луѓе околу вас. Кога сте со некоја личност, посветете се на неа и не размислувајте на другите места каде можете да бидете и другите луѓе со кои можете да бидете. Верувајте му на вашиот инстинкт и така бирајте ги партнерите. Направете избори кои ќе ве направат среќни и игнорирајте што мислат другите за вас.
Шкорпија – Дајте си шанса да бидете среќни. Бидете онакви какви што сте- не се менувајте за другите луѓе. Бидете свесни за вашите негативни мисли, колку сте посвесни за нив, толку полесно можете да се ослободите од негативноста. Кога сте позитивни, можете да привлечете повеќе луѓе околу себе и да најдете љубов.
Стрелец – Направете го првиот чекор и преземете ризици. Љубовта нема да дојде сама кај вас, ако не ја најдете самите. Запаметете дека само вие имате контрола над вашиот љубовен живот, не некој друг. Бидете среќни и позитивни и окружете се со позитивни луѓе.
Јарец – Смејте се често. Запаметете дека логиката е важна, но не ви е потребна секогаш. Некои работи немаат смисла, но животот е таков, не барајте смисла во сè. Опуштете се, уживајте во животот. Така полека спонтано ќе ја најдете личноста која силно ќе ве засака.
Водолија – Отворете се, не градете ѕидови околу себе. Дозволете им на другите да ве видат и отворете се пред нив. Движете се во кругови каде можете да запознаете луѓе и не се плашете да ја покажете својата креативна страна.
Риби – Одлучете се што сакате. Одлучете дека заслужувате голема љубов и тргнете по неа. Престанете да се споредувате со другите и не идеализирајте премногу. Верувајте дека заслужувате нешто и така ќе го добиете тоа.Овен – Успорете малку и уживајте во малите моменти. Престанете да се плашите од врзување. Не се плашете од времето кое го минувате со др

Пронајдете не на следниве мрежи: