Само неколку работи можат да бидат поболни и понижувачки од сознанието дека вашиот партнер ве изневерува. Самото чувство на предавство, бес и тага можат навистина да ве скршат.
Доколку со овие чувства не се справите соодветно, процесот на лечење може и никогаш да не се случи.
Иако некои врски ги преживуваат неверствата, многу е важно како ќе се справите со неверството, а никогаш да не зажалите за одлуките кои во моментот на сознанието сте ги донеле.
1. Застанете и размислете. Во моментот можете да се почувствувате под притисок да реагирате или да одговорите на фактот дека партнерот ве изневерува, но важно е да донесете рационална одлука за следните чекори.
Дознавањето на неверство е емоционална траума и може да ви треба некое време за да можете јасно да размислите и да ги пресметате вашите следни чекори.
Доколку си го дозволите ова време, тогаш тоа ќе биде одлука за која никогаш нема да зажалите или да ја преиспитувате.
2. Консултирајте се со професионалец. Откако ќе си дозволите да се соочите со фактот и да размислите за тоа што се случило, ќе ви треба некој со кој ќе можете да ги споделите своите чувства.
Иако е убаво ова да го направите со своето семејство или пријатели, имањето на објективно мислење и непристрасен слушач може да ви помогне да се соочите со вашите чувства и да донесете здрава одлука.
3. Разговарајте со партнерот. Откако ќе имате шанса навистина да го испроцесирате тоа што ви се случило и да ги испитате своите чувства, одвојте време на вашиот партнер да му кажете што мислите.
Поставете си некои основни правила пред разговорот, како на пример да го замолите партнерот да ве ислуша и да не ве прекинува додека не завршите.
4. Најдете ја причината за неверството. Иако вие не сте кривецот за аферата, повеќето афери се случуваат како резултат на проблеми во врските.
Испитајте ја вашата врска, и работете на тоа да ги откриете и решите проблемите поради кои можеби и се случило неверството.
5. Донесете рационални одлуки. Откако ќе ги издискутирате вашите чувства и ќе ја преиспитате вашата врска ќе морате да донесете пресметана одлука за што понатаму.
Можеби ќе сакате да ја сочувате вашата врска или можеби ќе сакате да ставите крај. Врските можат да бидат спасени после неверство, но ќе морате да се одлучите да му верувате и простите на вашиот партнер и да се фокусирате на иднината.Доколку со овие чувства не се справите соодветно, процесот на лечење може и никогаш да не се случи.
Иако некои врски ги преживуваат неверст