Како да постигнете баланс во врската!

За да успее една љубовна врска, неопходно е почитувањето и попуштањето, но пред сè балансирањето на работите.Секој човек знае да оди во крајности, да претерува и да избувнува. Луѓето се различни, а разликите најчесто се привлекуваат. Не ги разбира вашите постапки, не ги разбирате неговите/нејзините одлуки. Во врската разликите не треба да ви претставуваат пречка, туку предност. Разликите меѓу вас се совршен баланс.
Тоа е кога едниот е избувлив, а другиот смирен. Едниот е тивок, а другиот гласен, кога вашиот партнер е отворен, а вас ви треба повеќе време за да се ослободите, и уште многу слични примери.
 Еве како да постигнете совршениот баланс во врската:
Почитувајте ги одлуките
Дури и ако некогаш навистина не можете да ги разберете неговите/нејзините одлуки, поддржете го/ја и покажете почитување. Така и вие ќе добиете поддршка за некоја ваша луда идеја, па полесно ќе пребродите ако на крајот излезе вистински хаос.
Разберете ги разликите
Сфатете дека не сте исти и дека размислувате на различни начини, пробајте да го разберете партнерот и неговите постапки.
Станете поблиски
Застанете на иста фреквенција и знајте си ги своите пречки и слабости. Нека се истакне оној кој во нештото е подобар. Отстапете во ситуации кога знаете дека тој/таа ќе го изведе нештото подобро од вас, бидејќи она што вас ви е слабост, на вашиот партнер му е предност.

 

Секогаш разликите меѓу вас сметајте ги за предност
Така ќе учите повеќе еден од друг. На пример, тој ќе научи како да стане повеќе одговорен, а таа како да има повеќе самодоверба. Партнерите кои вистински се љубат, совршено се надополнуваат и ги пополнуваат празнините, а не ги сметаат разликите за пречка.
Допрете до него/неа
Јасно дајте до знаење дека колку и на моменти разликите меѓу вас да ве нервираат, вие сепак сте среќни што тие постојат. Нагласете дека учите многу од него/неа и дека тој/таа совршено ги надополнува вашите слабости.
Врските постојат за луѓето да си се надополнуваат и да функционираат подобро како целина. Разликите постојат, но секогаш барајте го оној чии разлики можете да ги поднесете. Во ред е да имате по некој поинаков став, спротивности во мислењата и различни одлуки. Но никогаш не би успеале да избалансирате огромни разлики и целосно спротивни гледишта и цели во животот.Секој човек знае да оди во крајности, да претерува и да избувнува. Луѓето се различни, а разликите најчесто се привлекуваат. Не ги разбира вашите п

Пронајдете не на следниве мрежи: