Високиот крвен притисок е состојба во која крвта минува низ вените и артериите со повисоко ниво од нормалниот притисок. Тоа е болест малку слична на хипертензијата, што е повеќе вообичаена во последно време. Постојат два вида на притисоци: систолен (горно) крвен притисок – кога срцето чука додека пумпа крв и дијастолен (долен) притисок – кога срцето мирува.Симптоми на висок крвен притисок:
– главоболка
– несвестица
– ѕуење во ушите
– болка или слични чувства во градите
– недостиг на воздух
– чувство на забрзана или неправилна работа на срцето.
Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од опасни ситуации, како на пример:
– хронична срцева слабост
– проблеми со меморијата
– проблеми со очите
– аневризма
– мозочен удар
– метаболички синдром.
Храна и пијалоци кои можат да го зголемат крвниот притисок:
– шеќер
– храна богата со натриум
– алкохол
– кофеин
– транс-масти и омега-6 масти.
Видови храна кои го лекуваат високиот крвен притисок:
– Храна богата со растителни влакна: семиња, грав, зеленчук и овошје.
– Бел чај: Консумирањето на бел чај неколку пати на ден, кој ја разредува крвта и ги подобрува артериите, всушност може да го намали крвниот притисок и да го заштити организмот од мозочен удар. Тоа дејствува само ако се пие по неколку пати на ден, секој ден.
– Омега-3 богата храна: див лосос, ленено семе и чија.
– Храна богата со калиум: храната богата со калиум е важен дел од контролата на крвниот притисок, бидејќи се намалуваат негативните ефекти на натриум во организмот. Калиумот помага за намалување на крвниот притисок. Храна богата со калиум се банани, авокадо, кокос, лубеница.
– Темно чоколадо: состојките на какаото делуваат релаксирачки на крвните садови и го намалуваат високиот крвен притисок.
– Медитеранска храна: морски плодови, зеленчук, овошје и омега-3 масни киселини. Оваа храна ќе ви помогне за намалување на крвниот притисок по природен пат.
– Јаболков оцет: тој е богат со калиум и помага на телото да го задржи алкалното ниво кое го намалува крвниот притисок.
Како да го намалите крвниот притисок по природен пат?
За почеток е потребно да се одржува здрава телесна тежина, а потоа започнете да ги применувате овие 11 навики кои ќе ви помогнат да го намалите крвниот притисок.
1. Физичка активност .Вежбите му помагаат на срцето да го користи кислородот поефикасно, па не мора да работи напорно за да пумпа крв. Обидете се да направите брзи прошетки барем неколку пати неделно. После некое време може да го зголемите темпото и интензитетот на прошетката.
2. Дишете длабоко. Бавното дишење и јога вежбите го намалуваат нивото на хормонот на стресот, кој го зголемува нивото на ренин – ензим на бубрезите, кој го зголемува крвниот притисок. Обидете се да медитирате барем 5 минути навечер и наутро: дишете длабоко, за да може стомакот да се прошири колку што е можно повеќе, а потоа издишете и ослободете се од напнатоста.
3. Земајте калиум. Земањето на калиум преку овошје и зеленчук е многу важен во природниот процес за намалување на крвниот притисок. Намирници кои изобилуваат со овој минерал се: компир, домати, сок од портокал, банана, грав, грашок, дињи, сливи и суво грозје.
4. Внимавајте со солта. Многу луѓе страдаат од висок крвен притисок, бидејќи се преосетливи на натриум, односно сол. Но, бидејќи нема тест кој би открил дали тоа е така и со вас, сигурно би требало добро да го користите овој зачин. Трудете се да не земате повеќе од 1500 мг сол на ден (половина лажичка содржи околу 1200 мг).
5. Јадете црно чоколадо. Една студија покажа дека кај 18% од пациентите кои секој ден јадат црно чоколадо, се забележува подобрување на состојбата на крвните садови. Консумирајте 10-15 грама дневно црно чоколадо.
6. Пијте кафе без кофеин. Некои студии покажуваат дека со потрошувачката на 500 мг кофеин на ден се зголемува хипертензијата, вели авторот на студијата Џим Лане.
7. Пијте чај. Учесници во истражувањето кои пиеле по 3 чаши чај од хибискус дневно, го намалиле за 6 недели систолниот (горниот) крвен притисок.
8. Работете помалку. Ако неделно работите повеќе од 41 час, имате 15% поголем ризик да се разболите од хипертензија, ако може да се верува на истражувањето на Универзитетот Ирвин во Калифорнија. Можеби е тешко да се работи помалку, но обидете се да се земете барем еден час време за вежбање и да јадете здрава храна почесто.
9. Опуштете се со музика. Преку студија е утврдено дека ако слушате музика во текот на 30 минути на ден, со бавно дишење може да ја намалите горната граница со 3,2 за една недела, а за месец со 4,4.
10. Престанете со `рчење. Време е конечно да го послушате својот партнер и да престанете да `рчите, бидејќи ова е еден од главните симптоми на опструктивна ноќна апнеја. Оние кои страдаат од апнеја имаат повисоко ниво на алдостерон – хормон кој го зголемува крвниот притисок.Симптоми на висок крвен притисок:
– главоболка
– несвестица
– ѕуење во ушите
– болка или слични ч