Вкусот на еспресото е познат за повеќето од нас. Најмалку што знаеме е дека се работи за моќно кафе кое се служи жешко и брзо, со пенлива крема и вкус кој се задржува долго после последната голтка.Совршеното еспресо помеѓу баристите е познато како „The God Shot“ бидејќи се работи за филџан кафе со божествен вкус.
За жал, поради низа околности, не секое еспресо се смета за божествено. Не секоја крема е пенлива и не секој вкус се задржува долго после последната голтка. Како да го препознаеме доброто еспресо? Еве неколку негови одлики.
Изглед
Еспресото треба да причинува задоволство уште на првиот поглед.
Кремата треба да биде густа и стабилна, со боја на лешник. Таа не треба да биде премногу тенка и светла, ниту пак, премногу темна. Еспресото не треба да има светли дамки бидејќи тие укажуваат на тоа дека се правело подолго време од потребното.
Како и да е, еспресото не може да се одреди само според кремата. Се случува кафе со убава крема сепак да не е вкусно. Во одликите на добро подготвено кафе, освен кремата, припаѓаат и аромата, вкусот и чувството кое го буди еспресото во Вас.
Арома
За да ја почувствувате аромата на еспресото, издишете го целиот воздух, доближете се до шолјата и вдишете длабоко. Важно е неколку пати да се обидете да ја почувствувате аромата, бидејќи е потребно одредено време за да се почувствуваат сите ароматични елементи на кафето. Обратете внимание на аромата затоа што токму таа би требало да Ви го открие вкусот на еспресото.
Аромата треба да биде длабока, богата и комплексна. Не би требало да има изгорен, кисел или хемиски мирис. Мирисот на изгорено е индикатор дека станува збор за неквалитетна Робуста со ист вкус како и мирис.
Совршеното еспресо помеѓу баристите е познато како „The God Shot“ бидејќи се работи за филџан кафе со божествен вкус.



